ЅВЕЗДИТЕ „РАСЦУТЕА“ НА МЕТ ГАЛА ВО ЊУЈОРК (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Њујорк, (Разни извори)

„Градината на времето“ (Garden of Time) беше темата на годинашната Мет гала во Њујорк, инспирирана од дистопискиот расказ на Џ. Џ. Балард од 1962.

Џенифер Лопез (Фото: Гети)

Ѕвездите носеа многу цветни и ботанички мотиви, како и креативни ставови за распаѓање и пропаст. Повеќето славни личности буквално ја сфатија темата, користејќи инспирација од цвеќиња, ливчиња, гранки и лисја, додека други си поигруваа со темите на расказот за времето и историјата.

Камила Кабељо (Фото: Гети)

Настанот се одржува во музејот Метрополитен, а целта е собирање пари за неговиот Институт за костими. Зендаја, Џенифер Лопез, Бед Бани и Крис Хемсворт беа кодомаќини, покрај Ана Винтур.

Деми Мур и Харис Рид (Фото: Гети)
Лана дел Реј (Фото: Гети)
Синтија Ериво и Аријана Гранде (Фото: Гети)
Зендаја (Фото: Гети)
Ребека Фергусон (Фото: Гети)
Пенелопе Крус (Фото: Гети)
Џиџи Хадид (Фото: Вајримиџ)
Дуа Липа (Фото: Гети)
Никол Кидман со сопругот Кит Урбан (Фото: Гети)