НА 14 МАЈ ВО КИНО ФРОСИНА БЕСПЛАТНА ПРОЕКЦИЈА НА „ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 14 мај од 20 часот, во киното Фросина (МКЦ) ќе има бесплатна проекција на македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски. Проекцијата ја организира Коалиција МАРГИНИ, во партнерство со „Лист продукција“ и МКЦ, по повод Меѓународниот ден против хомофобија, бифобија и трансфобија.

Филмот е од петта категорија, што не се препорачуваат за публика под 18 години.

„Домаќинство за почетници“ е третиот, а прв македонски филм на македонско-австралискиот автор Столевски. На 6 септември 2023 имаше светска премиера на 80. Филмски фестивал во Венеција во програмата Хоризонти, при што ја освои една од паралелните награди Квир лав. Таа година беше и македонски кандидат за Оскар, но не влезе во потесната листа за номинација.

(Фото: Лист продукција)