ГРУПАТА „ПЕПЕРМИНТ“ СНИМИ ПЕСНА НА ЈАПОНСКИ И ЌЕ ЈА ПРОМОВИРА НА 16 МАЈ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

В четврток (16 мај) со почеток во 20 часот, во пабот „Дранкен манкис“ во Скопје групата „Пеперминт“ ќе ги промовира новите песна и спот. Песната е со наслов „Minna Aishiteru” (Сите ги сакам) на македонски и на јапонски јазик. За јапонската верзија, „Пеперминт“ работеле во консултација со јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, со што е првиот македонски бенд со авторска песна на јапонски јазик.

На промоцијата, бендот ќе изведе неколку песни во живо, а во духот на јапонската традиција, гостите ќе се послужат со суши и јапонски пијалаци и ќе се слуша музика од Азија. Настанот е во организација на здружеието „Пагода“, кое се залага за промоција на источноазиски култури во Македонија.

„Пеперминт“ е рок група оформена во 1999 во Скопје од Горан Трифуновски-Пајак. Досега ги има издадено албумите „Некако така“, „Ама ако“, „МТВ анплагд“ и „Пеперминт 2016“.