„ТАНГО ПРИКАЗНА“ – КОНЦЕРТ НА КАМЕРНИОТ СОСТАВ „АГОГИК“ ВЕЧЕРВА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Камерниот состав „Агогик“, во кој свират Филип Петрески (хармоника), Ајхан Куртов (пијано) и Пламенка Трајковска (виолина), ќе одржи концерт вечерва (14 мај) од 20:30 часот во „Салон 19:19“ во Културно информативниот центар во Скопје.

Концертот е насловен „Танго приказна“, а на програмата се танго композиции, милонги и валцери од најпознатите композитори на тангото, како Пјацола, Канаро, Гардел и други. На концертот ќе настапи и танцовата двојка Владанка Колева и Онур Мок од „Центар 213“.

Камерниот состав „Агогик“ постои повеќе од 15 години.