Првенците на Софиската опера и балет, Марта Петкова и Никола Хаџитанев, ги играат главните улоги во балетот „Заспаната убавица“ од Чајковски, кој ќе се изведе вечерва (15 мај) во Националната опера и балет на 52. Мајски оперски вечери.
Ќе диригира Најер Нагуи од Египет, главниот диригент на оркестарот на операта во Каиро, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, а сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија.
Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
Фото: М. Угарковиќ