Концертната сезона на Филхармонијата свечено се затвора вечерва (23 мај) од 20 часот, а концертот е насловен „Алфа и омега“. Ќе настапи еден од најпознатите пијанисти Фазил Сај од Турција, кој ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар бр. 3 во Ц-мол, оп. 37 од Лудвиг ван Бетовен.
Диригент на концертот е Јерухам Шаровски од Израел, новиот шеф-диригент на Македонската филхармонија, а на програмата е уште едно дело на Бетовен, увертирата „Егмонт“ оп. 84, создадена по истоимената трагедија на Гете.
Во вториот дел од концертот ќе биде изведена атрактивната симфониска свита „Шехерезада“, оп. 35 на Николај Римски-Корсаков, создадена по мотиви од бајката „1.001 ноќ“.
За Фазил Сај (1970) критиката вели дека неговите концерти се нешто поинакво, подиректни, поотворени и повозбудливи.
Фото: М. Аргакијева