УРБАНА КУЛТУРА И ХИП-ХОП МУЗИКА ЌЕ СЕ СЛАВАТ НА ФЕСТИВАЛОТ ОД „А ДО Ш(ТИП)“

Штип, (СМАРТ СДК.МК)

Во чест на создавателите на македонската азбука, сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, утре (25 мај) во 14 часот во Домот на младите во Штип ќе започне музичко-драмскиот фестивал од „А до Ш(тип)“.

Тоа е фестивал на урбана култура, хип-хоп музика и поезија, на кој ќе настапат домашни и странски музичари, а премиерно ќе се изведе монодрамата според краткиот расказ на Достоевски, ‘Сонот на смешниот човек‘, во изведба на актерот Ане Блажевски, а во режија на Дамјан Читкушев“, вели директорот на Домот на младите, Видан Лазаров.

Како главни музички учесници се најавени „Зад аголот“ од Скопје и Смоук Мардељано од Белград (фото), а на таканаречениот „отворен микрофон“ и публиката ќе може да учествува во музичката програма.

Фестивалот ќе трае до доцните ноќни часови.

Т. ЈОВАНОВСКИ

(Фото: Фејсбук)