30 ГОДИНИ МЕ ПРОГОНУВА ПОГРЕШНАТА ОДЛУКА ДА ГО СНИМАМ ВЕСТЕРНОТ „ВАЈАТ ЕРП“, ВЕЛИ КЕВИН КОСТНЕР

САД, (Варајети)

Кевин Костнер не жали за многу нешта во својата долга кариера, но во неодамнешното интервју за магазинот GQ кажа која одлука сè уште го прогонува, иако е донесена пред триесет години.

Иако неговите филмови беа главно успешни, еден од најголемите пропусти во неговата кариера беше вестернот „Вајат Ерп“ од 1994. Вестернот ги разочара и критичарите и публиката, а освен тоа не заработи доволно за да ги покрие трошоците за снимање. Костнер верува дека овој неуспех се случил затоа што филмот бил прикажан веднаш по критички супериорниот вестерн „Надгробна плоча“ (Tombstone), во кој се појавувале и Вајат Ерп и Док Холидеј.
Флмот беше објавен во декември во 1993 со главно позитивни критики и заработи 73,2 милиони долари. Во јуни во 1994, „Вајат Ерп“ од Костнер беше пречекан со различни критики и заработи 56 милиони долари.

Иако разликата во заработката не е огромна, проблемот е што „Надгробна плоча“ со Курт Расел и Вал Килмер е направен со разумен буџет од 25 милиони долари, додека „Вајат Ерп“ чинел повеќе од двојно, 63 милиони долари.

Костнер објасни дека премалиот простор помеѓу премиерите доведе до несакани споредби меѓу филмовите.

“И тогаш започна еден вид вселенска трка. Отсекогаш ми беше жал што настана оваа чудна конкуренција“, додаде тој.

Костнер моментално работи на самофинансираната западна серија „Хоризонт: американска сага“ (Horizon: An American Saga). Актерот има напишано и режирано филмови, а игра и една од главните улоги. Првиот дел од серијата, беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал во Кан каде што Костнер по долго време беше гостин, а во кината ќе се појави на 28 јуни.