Популарниот српски актер Никола Ѓуричко се враќа во Македонија, овојпат не со претстава, туку како музичар.
Ѕвездата на филмовите „До коска”, „Молњи”, „Кога ќе пораснам ќе бидам Кенгур” и „Зона Замфирова” и на хит-серијата на „Нетфликс“, „Чудни нешта”, ќе настапи во „Јавна соба“ во Скопје на 3 јули со неговиот бенд „Џони Миднајт трио“. Основан во Лос Анџелес во 2021, бендот го сочинуваат Никола Ѓуричко – гитара и вокал, Александар Пантиќ – бас гитара и Срѓан Миленковиќ – тапани.
Во 2022 го снимија деби албумот „По сеќавање”, кој се состои од авторски песни и преработки и ова им е прва балканска турнеја.
Влезниците се по цена од 900 денари.