Втората групна изложба на која ќе се обединат професори и студенти од уметничките факултети и школи во Македонија ќе се отвори в петок (14 јуни) во 19 часот во Младински културен центар во Скопје.
На изложбата насловена „Професори и студенти“ ќе бидат претставени дела на професори и студенти од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ-ФОН во Скопје, Факултетот за уметност и дизајн при Интернационалниот балкански универзитет во Скопје, Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје, Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Факултетот за уметности при Државниот универзитет во Тетово и од Школата за дизајн и уметност „Скала“ во Скопје.
„Основата на овој проект е заедничкото претставување на дела на професори и нивни студенти. Меѓутоа, поради групното прикажување на избраните дела, овдека ги нема статусните разлики што постојат во ателјеата, разликите помеѓу професор и студент, помеѓу ментор и ученик“, велат од МКЦ
Изложбата трае до 23 јуни