НАДАЛ И АЛКАРАС ЌЕ ИГРААТ ВО ДВОЈКИ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ПАРИЗ

Мадрид, (Би-Би-Си)

Шпанија состави тениски супертандем за Олимписките игри во Париз откако беше потврдено дека Рафаел Надал и Карлос Алкарас ќе играат заедно во двојки. Олимпискиот тениски турнир ќе се игра на земјена подлога, на терените на Ролан Гарос, каде што Надал освои 14 од освоите 22 гренд слем титули, а Алкарас славеше минатиот викенд.

Рафа и Карлос ќе играат заедно во Париз“, изјави шпанскиот селектор Давид Ферер.

Надал стана олимписки шампион во Пекинг во 2008, додека Алкарас првпат ќе игра на Олимписки игри.

Триесет и осумгодишниот Надал ќе го пропушти Вимблдон со цел да се подготви за ОИ, каде што ќе ги има едни од последните настапи во кариерата, имајќи предвид дека тој најави повлекување од терените оваа година.

(Фото: Гети)