ГЕРМАНСКИОТ ЕЛЕКТРО БЕНД „ШИЛЕР“ ЌЕ НАСТАПИ НА 3 ЈУЛИ ВО БИТОЛА СО КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Германскиот електро бенд „Шилер“ ќе настапи со битолскиот камерен оркестар „IWConnect“ на настанот „Ѕвездена симфонија“, што ќе се одржи на 3 јули од 19 часот на Градскиот стадион во Битола. Со германскиот бенд ќе настапат и македонските поп-пејачки Агни Авшар и Наде Талевска.

„Шилер“ е формиран во 1998, името го добил по германскиот поет и драматург Фридрих Шилер и има издадено 15 албуми.

На истиот настан ќе настапат и Каролина Гочева, „Суперхикс“, „Паркети“, „Брас брадрс“ и Лав Итоја од Нигерија.

Битолскиот камерен оркестар често организира концерти, најмногу во Скопје и Битола, а последниот беше „Летај галебе“, посветен на маестро Кире Костов. Диригент е Владимир Димовски.