Вечерва (5 јули) од 20 часот, на малата сцена на Драмски театар во Скопје ќе се одржи театарската претстава „Кенди“ според романот на Лук Дејвид, во продукција на театарот „Златен елец“.
Адаптацијата и режијата се на Тамара Стојаноска, а играат Лео Поповиќ и Бобан Алексовски. Претставата лани ги доби наградата за најдобра партнерска игра „Бранко Ѓорчев“ на Интернационалниот фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино и наградата „Биш“ за најдобра претстава на МОТ.
Од 21 часот во фоајето на Националната опера и балет е концерт на камерното трио Билјана Петровска (пијано)-Марија Јакимовска (флејта)-Верица Ајтовска (виола).
И двата настана се во рамките на фестивалот Скопско лето.
(Фото: Фејсбук)