КАТАРИНА ЈОВАНОВСКА ОД ТЕТОВО ОСВОИ ТИТУЛА ЗА УБАВИНА НА МИС ЕВРОАЗИЈА ВО МОСКВА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Катарина Јовановска од Тетово ја освои титулата трета придружничка на изборот за Мис Евроазија, кој се одржа во Москва. Јовановска има 26 години и е членка на модното студио „Црнокрак“, кое осум години ја има лиценцата за испраќање претставничка од Македонија на овој избор.

Јовановска стана трета придружничка во конкуренција на 30 девојки (Фото: приватна архива)

Јовановска се натпреваруваше во конкуренција со 30 девојки од Европа и Азија. Победи претставничката на Узбекистан, титулата прва придружничка ја освои Турција, а втора придружничка е од Русија.

„Чувството да ја претставуваш Македонија надвор од границите е навистина неописиво, особено ако направиш успех и освоиш титула. Благодарна сум на модното студио ‘Црнокрак’ што ми го овозможи ова”, ни рече Јовановска.

М. ЏАРОВСКА