Објавен е трејлер за долгоочекуваното продолжение на „Гладијатор“ на Ридли Скот, кој прикажува повеќе епски сцени, вклучувајќи битка во римски Колосеум во која ликот на Пол Мескал (фото) се соочува со носорог. Мескал го глуми Лусиус, кој се бори за својот живот како гладијатор, иако ужива висок статус како внук на некогашниот цар Комод.
Првиот „Гладијатор“, со Расел Кроу во главната улога, освои пет оскари во 2001.
Покрај Мескал, во новиот филм играат и Педро Паскал, Дензел Вашингтон, Дерек Џејкоби, Кони Нилсен и Рори Мекан. „Гладијатор 2“ доаѓа во кината на 22 ноември.