„СЕНКИ“ Е НОВИОТ СИНГЛ НА ДИЏЕЈОТ И ПРОДУЦЕНТ ТОД ХЕЈЗ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Сенки“ е новиот сингл на музичкиот продуцент и диџеј Ненад Тодоровски, кој работи под уметничкото име Тод Хејз. Ова е четврти сингл од албумот „Afterlife“.

Тод Хејз досега има издадено повеќе од 20 синглови и ремикси. Има соработувано со Бобан Апостолов, „Брас брадрс“, Сирилик, Галоски, Ивајо, Викторија Лоба и други. „Хејз“ е неговиот најнов проект во кој се испреплетени повеќе стилови, но доминира етно мелосот.

Синглот „Сенки“ беше промовиран преку македонската издавачка куќа „Кафе де Анатолија“, која соработува со повеќе светски музичари.