Вечерва (12 јули) од 23:30 часот, хрватската поп-ѕвезда Петар Грашо ќе одржи концерт во Градско. Концертот е во чест на патронот на Општина Градско, Свети апостол Павле.
Најавено е дека Грашо ќе има настап од 90 минути, а ќе се одржи на шеталиштето во центарот на населбата. Концертот е дел од манифестацијата „Градско храна, вино и традиција“, на која ќе настапат и други пејачи.
Во април, Грашо одржа три концерти во Филхармонијата во Скопје.
„Првиот концерт овде го имав во Универзална сала во 2001. Тогаш дојдоа и моите родители. И сега се тука некаде во публика со своето друштво, повторно по 23 години“, кажа тогаш пејачот.
П. ПЕЧКОВ
Фото: С. Самандов