ПАРИЗ ОТВОРИ МУЗЕЈ НА СИРЕЊЕТО

Париз, (Си-Ен-Ен)

Музеите се на листата на секој турист при посета на Париз, а од неодамна, покрај Лувр и Версај, може да се ужива и во музеј посветен на сирењето.

Непосредно пред Олимпијадата во Париз, која почнува на 26 јули, Музејот на сирењето (Musée du Fromage) веќе е отворен за љубителите на згусната урда. Посетителите ќе можат да се запознаат со регионалните сорти на сирење, како се прават различни видови сирења и секако, да се препуштат на дегустации. Има и продавница за сувенири.

Музејот се наоѓа блиску до катедралата Нотр Дам, а влезот чини 20 евра.