САШКО КЕДЕВ Е ПРВИОТ МАКЕДОНЕЦ КОЈ ГО ИСКАЧИЛ ВРВОТ ГАШЕРБРУМ 2 ВО ПАКИСТАН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Кардиологот и пасиониран планинар Сашко Кедев е првиот Македонец кој се искачил на врвот Гашербрум 2 во Пакистан, објави Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Висок 8.035 метри, Гашербрум 2 е третиот врв од групата 8.000 метри што Кедев го совлада оваа сезона, по Лоце (8.516) и Макалу (8.463 метри).

Од 14-те врвови во светот повисоки од 8.000 метри, Кедев досега ги има искачено 11, вклучувајќи ги Монт Еверест и К2. За да го заокружи подвигот му остануваат уште Кангченѕунга (8.586 метри), Гашербрум 1 (8.068) и Шишапангма (8.013).