ФЕСТИВАЛОТ НА КРАТКИ ФИЛМОВИ „ДРИМШОРТ“ ВО СТРУГА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ОД 8 ДО 11 АВГУСТ

Струга, (СМАРТ.СДК.МК)

Осмото издание на Фестивалот за краток филм „Дримшорт“ (DrimShort 2024) ќе се одржи од 8 до 11 август во Струга.

Годинава темата е „Бесконечна слобода“. Програмата ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во интернационална, регионална, студентска поддржана од Европска куќа Струга и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, во селекција на Иван Бакрач.

„Со цел промоција на македонскиот филм и македонските филмски автори, фестивалот и оваа година ќе ја претстави програмата ‘MK Спешл’ чиј победник го избира публиката. Фестивалот продолжува со VR програмата каде ќе се прикажат три кратки филмови во специфичен формат“, најавува организаторот.