ОХРИДСКО ЛЕТО СЛАВИ 64 ГОДИНИ СО САЛСА ОРКЕСТАРОТ „МЕРКАДОНЕГРО“

Охрид, (СМАРТ.СДК.МК)

Со концерт на салса оркестарот „Меркадонегро“ , Фестивалот Охридско лето вечерва (4 август) ќе одбележи 64 години од основањето.

„Охридско лето е врвна културна сцена. Место каде музиката и театарот ја надополнуваат богатата традиција. Денеска ги славиме годините испишани со богата историја, со славни имиња од светската музичка и театарска елита“, рече директорката Наташа Поповиќ.

Салса оркестарот „Меркадонегро“ е оформен од Армандо Миранда. Неговите членови доаѓаат од различни делови на Латинска Америка и секој од нив носи сопствени традиционални специфики.

„Како водач на бендот, среќен сум што сум што сум првпат во Македонија и што првпат настапуваме на Охридско лето. Многу сме возбудени од нашиот настап бидејќи го подготвивме специјално за фестивалската публика. Ќе направиме едно патување низ Латинска Америка токму преку музиката. Сакаме целата публика да биде дел од нашето музичко патување и да им ги покажеме нашите музички корени“, рече Миранда на денешната прес-конференција.

Роденденскиот концерт на Охридско лето ќе се одржи на Долни Сарај во 21 часот.