Четиринаесетгодишната Австралијка Ариз Трју ја предводеше групата тинејџерки кои го окупираа подиумот по натпреварувањето во скејтбординг на Олимписките игри во Париз. Таа освои злато во дисциплината возење во парк, среброто ѝ припадна на 15-годишната Јапонка Кокона Хираки, а трета беше една година повозрасната Британка Скај Браун.
„Ова е навистина кул, зашто сите девојки многу придонесуваат за спортот. Нормално е да се биде нервозен на вака голем настан, но сите девојки се поддржуваат меѓусебно и си помагаат, што доста го ублажува стресот“, изјави Трју.
Шест од осумте финалистки беа тинејџерки, од кои 11-годишната Џенг Хаохао е најмладиот учесник на овие ОИ.
Претходно, во дисциплината улично возење победи 14-годишната Јапонка Коко Јошизава, пред 15-годишната сонародничка Лиз Акама и 16-годишната Бразилка Рајса Леал.
(Фото: АП)