„Дизни“ го претстави новиот трејлер за приквелот на филмот „Кралот лав“, „Мусафа“, кој од декември ќе игра во кината.
Претходниот тизер за „Муфаса“ излезе во април, кој го раскажуваше цртаниот лик Рафики.
Муфаса ќе ги води гледачите низ приказната за потеклото на ликот, како тој од младенче сираче станува легендарниот крал на Земјата на гордоста. Ќе ја раскаже и приказната за неговата врска со неговиот брат Така, инаку познат на фановите како Скар. Киара, ќерката на Симба и Нала, е во делови од филмот, како и Тимон и Пумба.
„Она што ќе го научите од приказната е дека Муфаса е тој е што поради семејството и пријателите“, рече режисерот Бери Џенкинс.
Гласот на Мусафа во новиот филм е на Арон Пјер. Џејмс Ерл Џонс беше глас на Муфаса во претходните филмови „Кралот лав“. Други нови членови на актерската екипа се Келвин Харисон Џуниор, кој е гласот на Така и Аника Нони Роуз, како гласот на мајката на Муфаса, Афија, а во екипата се и Бијонсе и нејзината ќерка.
Фото: Дизни