АЛБАНИЈА МЕЃУ ЧЕТИРИТЕ ДРЖАВИ КОИ ВО ПАРИЗ ГО ОСВОИЈА ПРВИОТ ОЛИМПИСКИ МЕДАЛ

Париз, (Би-Би-Си)

Деведесет држави и територии освоија најмалку еден медал на Олимписките игри во Париз, кои беа затворени синоќа. На врвот на листата се САД со 126 медали, од кои 40 златни, па следуваат Кина со 91 (40 златни), Велика Британија со 65 (14), Франција со 64 (16), Австралија со 53 (18), Јапонија со 45 (20), Италија со 40 (12)…

Во исто време, Боцвана и Гватемала за првпат во својата историја добија олимписки шампион, додека четири држави првпат освоија медал откако учествуваат на ОИ:

Албанија дебитираше во 1972, но дури сега во Париз ги освои првите медали: две бронзи во борење, што ѝ ги донесоа спортисти по потекло од Русија.

Спринтерката Џулиен Алфред (фото) прво славеше на 100 метри, па беше втора на 200 метри, што се првите олимписки медали за малата карипска држава Света Луција.

Првиот медал го прослави и карипската држава Доминика, откако Теа ЛаФонд беше најдобра во трискок.

И знамето на африканската држава Зелен ‘Рт првпат се развеа на подиумот, благодарение на бронзата на боксерот Даниел Варела де Пина.

Боксерката Синди Нгамба го освои првиот медал (бронза) за Олимпискиот тим на бегалци, кој настапува на ОИ од 2016.

(Фото: АП)