ХОАКИН ФЕНИКС ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ СЕ ПОВЛЕКОЛ ОД РОМАНТИЧНА ГЕЈ ДРАМА, ГО ФАТИЛА ТРЕМА

Лос Анџелес, (Вараети)

Хоакин Феникс се повлекол од филм најавен како хомосексуална романтична драма пет дена пред почетокот на снимањето и продуцентите ја опишаа ситуацијата како ноќна мора. Официјално не е кажано зошто Феникс се откажал од филмот, но на негово место нема да биде ангажиран друг глумец.

Неименуваниот филм во режија на Тод Хејнс, со кого Феникс соработуваше на двата дела на „Џокер“, требаше наскоро да се снима во Мексико, каде што веќе биле изградени цели сетови. Во центарот на приказната треба да биде интензивна геј романса во 1930-тите, при што беше најавено дека ќе има експлицитна сексуална содржина.

Феникс го развил сценариото заедно со Хејнс и извор од продукцијата рекол дека актерот го фатила голема трема пред снимањето. Судбината на филмот сега е неизвесна, иако веќе им бил продаден на меѓународни дистрибутери, па се очекува загубите да бидат седумцифрени.

(Фото: Гети)