„Духови“ (Ghosts), е првиот студиски албум на музичарот Јон Ајди, на кој има песни кои ги испеал во последниве шест години. Ајди вели дека секоја песна е слика на неговата душа во посебен период од животот.
Јон Ајди е уметничкото име на Јон Ајдини, роден во Скопје, во 1995. Неговата музика се емитува на радио станици во САД, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Грција, Хрватска, Албанија и Косово.
Досега има учествувано на „Сани хил“ фестивал во Приштина, „Live at Heart“ во Шведска, како и на македонскиот натпревар за Песна на Евровизија.
„Изборот на песни кои ќе се најдат на мојот прв албум воопшто не беше лесен. Се обидов да ја вклучам и публиката во изборот што се покажа многу продуктивно и тоа ми помогна. Горд сум на песните и воопшто на албумот и многу сум возбуден“, вели музичарот.
„Волјата и потребата да создавам своја музика се пројави веднаш штом почнав да учам да свирам гитара. Свирењето музика и нејзиното создавање ми е како медитација“, вели Ајди.