Концертот „Легендите живеат вечно“, посветен на македонските музички великани, втора година по ред ќе се одржи во Филхармонијата на 4 октомври од 21 часот, објави продукија „Прагма“.
Ламбе Алабаковски (фото), Наде Талевска, Ивона Јо и други пејачи ќе ги пеат хитовите на Тоше Проески, Драган Вучиќ, Јонче Христовски, Драган Каранфиловски- Бојс, Пепи Бафтировски, Есма Реџепова, Пепи Бафтировски, Гоце Арнаудов и Зафир Хаџиманов во придружба на камерен оркестар.
Лани, на 28 октомври се одржа првиот дел од овој концерт, а организаторите поради интересот на публиката уште тогаш најавија дека во 2024 ќе има продолжение.
Лани настапија Наде Талевска, Ламбе Алабаковски, Ивона Јо и Тамара Волческа. Ги пееја „Цреша“ од Тоше, „Најбогат на свет“ од Влатко Илиевски, „Ај засвирете ми чалгии“ од Јонче Христовски, „Заветна“ од Пепи Бафтировски, „Бисер Балкански“ од Гоце Николовски, „Дали чекаш стара мајчице“ од Гоце Арнаудов, „Свирете ја зајди зајди“ во чест на Драган Вучиќ и други. Билетите се продаваат преку мрежата на Купи карта.
Фото: К. Попов