СКАРЛЕТ ЈОХАНСОН И МАХЕРШАЛА АЛИ ЌЕ ГЛУМАТ ВО СЕДМИОТ ДЕЛ НА „ПАРКОТ ЈУРА“

САД, (Варајети)

„Јуниверзал“ ја објави првата фотографија од „Jurassic World Rebirth“, седмиот филм од 31-годишната франшиза, во кој во главните улоги ќе бидат Скарлет Јохансон, Џонатан Бејли и двократниот оскаровец Махершала Али. Герет Едвардс е режисер според сценариото на Дејвид Коеп, кој беше автор на оригиналниот филм од 1993.

Дејството ќе биде сместено пет години по настаните од „Светот Јура: Надмоќ“ од 2022, кога „екологијата на планетата се покажува во голема мера непријатна за диносаурусите“.

Филмот доаѓа во кината во јули 2025.