Од 13 до 15 септември на стадионот на АРМ во Градски парк ќе се одржи манифестацијата Скопски пивски викенд.
Меѓу изведувачите кои ќе настапат првата вечер е аренби дуото „ДНК“, а следниот ден се Суперхикс“ (фото), гости од Србија и поп-пејачката Бојана Скендеровски. Фолк пејачите Наум Петрески и Миле Кузмановски ќе го затворат фестивалот на 15 септември.
Организаторите најавуваат повеќе видови пиво и храна на настанот.