Петнаесет години по објавувањето, дуетот „Од утро до мрак“ на „ДНК“ и Магдалена Цветкоска-Ена e снимен во нова верзија. Ремиксот го направија диџеј Тошев, диџеј Монарх, диџеј Гокшата и диџеј Насте.
Оригиналната песна беше објавена во 2011. Музиката и аранжманот се на Лазар Цветкоски, а текстот го напиша неговата сестра Магдалена Цветкоска-Ена и Владимир Блажев-Панчо.
Диџеј Тошев вели дека ја избрале „Од утро до мрак“ поради емоцијата што ја носи песната, но и со желба старите македонски хитови повторно да заживеат во современ звук. Ремиксот има модерна продукција, а ја задржува препознатливоста на оригиналот.
По долго време, „ДНК“ и Ена ја испејаа оваа песна во живо во 2022, кога таа беше гостинка на нивниот концертот по повод 20 години од постоењето на дуото во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Андреј Ѓорѓиески загина на 16 март 2025 во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што „ДНК“ настапуваше таа вечер. Во пожарот загинаа и повеќе членови од нивниот придружен бенд и тим. Владимир Блажев-Панчо беше тешко повреден во пожарот и по речиси седум месеци лекување, почина на 14 октомври 2025 како последица на повредите. За Лазар Цветковски, тој велеше дека е како трет член на „ДНК“.