БЕНЈАМИН ЛАНГЕР Е ДОБИТНИК НА МЕЃУНАРОДНАТА НАГРАДА „ДРАГИ“ ЗА ГЕРМАНСКИОТ ПРЕВОД НА „ПИРЕЈ“

Скопје, (СМАРТ. СДК.МК)

Германскиот професор и преведувач Бенјамин Лангер е добитник на годинашнaта интернационална награда „Драги“  за преводот на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, соопшти издавачката куќа „Антолог“. За наградата одлучи жири комисијата во состав Јана Михајловска, Зорица Николовска и Владимир Јанковски. Романот на германски јазик го објави издавачката куќа „Гуголц“ од Берлин.

Лангер е голем познавач на македонските јазик и литература. Студирал германистика и историја на уметност во Бамберг и Будимпешта, а од 2005 до 2009 предавал на Катедрата за германски јазик и литература на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Преку преведувачката работа ја приближил македонската книжевност до германската читателска публика, што ги вклучува делата на Гоце Смилевски, Бранко Цветкоски, Дејан Трајкоски, Румена Бужаровска, Влада Урошевиќ и Петре М. Андреевски.