„ЕПЛ“ ГИ ПРЕТСТАВИ НОВИТЕ ТЕЛЕФОНИ „АЈФОН 16“ ОПРЕМЕНИ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

САД, (АП)

„Епл“ се вклучи во лудилото со вештачка интелигенција со нова линија телефони „ајфон“. Четирите различни модели на „ајфон 16“ ќе бидат опремени со специјални чипови потребни за напојување на пакет алатки за вештачка интелигенција, за кои „Епл“ се надева дека ќе го направат неговиот производ уште понезаменлив и ќе го прекинат неодамнешниот пад на продажбата.

Откако доби стоечки овации на промотивниот настан во Калифорнија, извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, вети дека пакетот со вештачка интелигенција ќе ослободи иновации што ќе направат вистинска разлика во животите на луѓето.

„Надградбите ќе ги поместат границите на она што смартфон може да го направи“, рече Кук.

Друг новитет е копчето за камера на надворешноста на уредот, а новите телефони доаѓаат со подолготрајни батерии, помоќни чипови и подобрени функции за приватност.

Продажбата на новите телефони почнува на 20 септември со цени од 800 до 1.200 долари.

(Фото: АП)