Британскиот електробенд „Кошин“ доаѓа во Скопје на 18 октомври, објави „Пасворд продукција“, Триото, кое одбележува 25 години постоење, ќе одржи концерт во Младински културен центар како најава на фестивалот Таксират.
Предводен од пејачката Шан Еванс, „Кошин“ го објави првиот албум „Resist“ во 2001 и од него произлегоа најголемите хитови „Catch“ и „Hide U“. Вториот албум „Kokopelli“ помина уште подобро на топ-листите.
Првите 100 билети ќе се продаваат по цена од 800 денари, а потоа ќе чинат 1.000.
(Фото: Фејсбук)