БЕВ ВОЗНЕМИРЕН КОГА ПОЛНЕВ 30, СЕГА СУМ ВОЗБУДЕН ЗА 40-КАТА, ВЕЛИ ПРИНЦОТ ХАРИ ПРЕД РОДЕНДЕНОТ

Лондон, (Би-Би-Си)

„Бев вознемирен кога полнев 30 години, сега сум возбуден за 40-ката“, вели принцот Хари во пресрет на својот роденден на 15 септември и додаде:

„Без разлика на возраста, мојата мисија е да продолжам да правам добри работи во светот“.

Тој планира да го прослави роденденот со семејството во Калифорнија, пред да отиде на одмор со група блиски пријатели.

„Тоа што станав татко на две деца ми даде свежа перспектива на животот, но и ми го заостри фокусот кон мојата работа. Да се биде татко е една од најголемите радости и ме направи попосветен да го правам овој свет подобро место“, рече Хари.

Изминатите десет години беа турбулентен период за Хари, исполнети со значајни промени. Тој наполни 30 години една година откако се врати од втората тура во британската војска, а претходно раскина со тогашната девојка Кресида Бонас.

Хари, кој е петти во редот за наследство на британскиот престол, ја запозна Меган Маркл во 2016 и четири години подоцна се преселија од Велика Британија во Калифорнија, оставајќи го зад себе кралскиот живот.

Тој оптимистички гледа на својот нов животен јубилеј.

„Дајте ми ја следната деценија“, кажа Хари.

(Фото: АФП)