НИНА БАДРИЌ ЈА ПЕЕШЕ „НЕ КАЖУВАЈ ЛИБЕ ДОБРА НОЌ“ КАКО НАЈАВА НА КОНЦЕРТОТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Хрватската пејачка Нина Бадриќ беше во Скопје за да го најави својот концерт во Филхармонијата на 27 октомври од 20 часот. Бадриќ кажа дека си должи самата на себе концерт во Скопје.

„Без оглед на тоа што неколкупати сум била во Скопје, секогаш сакав голем солистички настап, би рекла прв вистински концерт. Чувствувам дека ѝ го должам тоа на скопската публика, но, пред сѐ, си го должам самата на себе“, рече Бадриќ.

Бадриќ објави видео како ја пее „Не кажувај либе доба ноќ“ во Филхармонијата (Фото: Принстрин од видео)

Таа беше и во Филхармонијата, каде што сними видео како ја пее „Не кажувај либе добра ноќ“. Бадриќ првпат ја испеа преработката на македонската народна песна со Диран, Гаро и Гарабет Тавитјан на албумот „Македонското срце чука во 7/8“ во 2012.

Бадриќ е на регионалната музичка сцена од 1996 и има издадено 10 албуми. На претстојниот концерт, кој го организира „Евент продукција“, ќе пее и песни од нејзиниот најнов албум, што треба да излезе до крајот на годинава.

М. ЏАРОВСКА