ГРУПАТА „БЕЛО КОПЧЕ“ ОД СКОПЈЕ ЈА СНИМИ НОВАТА ПЕСНА „СУВЕНИР ОД САРАЕВО“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонскот бенд „Бело копче – трибјут Бијело дугме“ сними нова песна насловена „Сувенир од Сараево“ (Сувенир из Сарајева).

Бендот е основан од двајца познати македонски музичари: гитаристот Стевче Грозданов и пејачот Зоран Рудан-Цеки. Заедно со нив свират и Горан Гешовски на бас, Борислав Драганов на клавијатури и Емил Милев на тапани. Инспирацијата им е легендарниот босански бенд „Бијело дугме“ и оттаму и насловот на новата песна, за која музиката ја напиша српскиот продуцент и менаџер Саша Драгиќ.

„Музички, целата песна оддава амбиент на прочуената сараевска школа од средината на 1970-тите и 1980-тите“, велат од бендот.

Текстот е на Владимир Митровиќ, а аранжманот на Стевче Грозданов, кој ја програмирал и ја отсвирел песната. Снимена е во студиото „Целофан“ во Скопје, а миксот и мастерингот се на Горан Гешовски. Во спотот глуми актерката Катерина Шехтанска, а режисер е Александар Ристовски-Принц.

Фото: М. ШИШКОВСКИ