ТРИ НАГРАДИ ЗА СКОПСКИОТ ТЕАТАР ЗА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ НА ФЕСТИВАЛ ВО ЗАГРЕБ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Детската претстава „Роња, ќерката на ограбувачот” на Театарот за деца и младинци (ТДМ) во Скопје доби три награди на фестивалот ПИФ во Загреб.
Матеа Јанковска е прогласена за најдобра актерка, претставата доби награда за колективна анимација на кукли, а Олга Зебињска е наградена за најдобра сценографија. 
Од 1 до 5 октомври, ТДМ ќе биде домаќин на третото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров”, на кој ќе има претстави, работилници и мастерклас.