РИДЛИ СКОТ САКА ДА СНИМИ ТРИЛОГИЈА ОД „ГЛАДИЈАТОР“

Лос Анџелес, (Индипендент)

На неколку недели пред премиерата на вториот дел на „Гладијатор“, режисерот Ридли Скот навести дека сака оваа епска драма да стане трилогија.

Скот го режираше првиот филм во 2000, кој доби пет Оскари, а сега и продолжението, кој во киносалите ќе игра од 15 ноември. Расел Кроу доби Оскар за најдобра машка улога за првиот филм, а во вториот дел играат Пол Мескал, Педро Паскал и Дензел Вашингтон.

Мескал го глуми Лусиус, кој се бори за својот живот како гладијатор, иако ужива висок статус како внук на некогашниот цар Комод.

„Веќе си поигрувам со идејата за ‘Гладијатор 3’. Сериозно! Го запалив пламенот“, изјави Скот за француско списание.