Сместени во Бенгалскиот Залив, Андаман и Никобар е изолирана група од 572 тропски острови, од кои само 38 моментално се населени.
Еден од островите, Рос, денес е морбидно фасцинантен град на духови, каде што британската населба од 19. век е претворена во руини. Напуштен во 40-ите години од минатиот век, островот денес е преземен од природата.
Во 1857 година, тој бил претворен во казнена колонија за Индијци. Како што колонијата се ширела, островот станал административно седиште, при што биле изградени грандиозни објекти, голема црква, па дури и тениски терени.
Островот останал во функција сѐ до 1942 година, кога последните преостанати Британци си заминале поради неизбежната јапонска инвазија. Кога Индија се здобила со независност во 1947 година, таа го препуштила островот на природата.
Осум децении од неговото затворање, островот денес е заборавена точка во Индискиот Океан и дава увид како би изгледал светот во којшто луѓето одамна ги снемало.