„ЦРНИОТ ПАНТЕР“ И ОФИЦИЈАЛНО ЗАРАБОТИ МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ НА СВЕТСКО НИВО

Лос Анџелес, (Вараети)

„Црниот Пантер“ и официјално ја оствари заработката од една милијарда долари на светско ниво, и тоа за само четири недели прикажување.

Како што соопшти „Дизни“, со заработени 530,9 милиони долари, „Црниот Пантер“ сега е третиот најуспешен филм со суперхерои во САД, зад „Темниот витез“ (534,9 милиони) и „Одмаздници“ (623,4). Но, со вакво темпо, се очекува „Црниот Пантер“ наскоро да го надмине хитот со Хит Леџер и Кристијан Бејл.

Еве ги бројките со коишто „Црниот Пантер“ може да се пофали досега:

  • најдобро издание во февруари на сите времиња (202 милиони долари во првите три дена)
  • најуспешен понеделник на сите времиња (40,1 милион)
  • втора најдобра недела на сите времиња (60 милиони)
  • број два на сите времиња според заработката во вториот викенд (111,6 милиони). Над 100 милиони за овој период претходно имаат надминато само уште три филма.