СЦЕНОГРАФИЈАТА ВО „ЦРНИОТ ПАНТЕР“ ИНСПИРИРАНА ОД ЗАХА ХАДИД И БАКИНГАМСКАТА ПАЛАТА

Лос Анџелес, (Дезин)

Афро-футуристичката архитектура во блокбастерот „Црниот Пантер“ е неочекувана комбинација од Заха Хадид и Бакингамската палата, вели сценографката на филмот Хана Бичлир.

Бичлир, која работеше на сетот на филмот кој чинеше 200 милиони долари, вели дека додека истражувала за филмот, ги посетила објектите на славната ирачко-британска архитектка, која почина во 2016 година.

Формите во стилот на Заха Хадид биле комбинирани со јужноафриканските архитектонски референци, како што се традиционалните колиби кои имаат конусни, сламени покриви

„Сакав публиката да ја почувствува модерната архитектура во ‘Црниот Пантер’. Многу заоблени објекти, без тврди рабови и простори и многу големи и интимни во исто време”.

Дејството се случува во Ваканда, измислена африканска земја, која се спасила од колонизација и чии жители имаат супермоќи од чудотворниот елемент наречен вибраниум.

Филмот, во режија на Рајан Куглер, го следи кралот Т’Чала – Црниот Пантер (Чедвик Боузмен), додека тој се обидува да ја заштити својата нација од непријателот Килмонгер (Мајкл Б. Џордан).

Бакингамската палата била инспирација за палатата на Црниот Пантер.

Дејството се случува во Ваканда, измислена африканска земја која се спасила од колонизација и која има жители со супермоќи

Но, причината за овој избор беше во голема мера прагматична, рече Бичлир, бидејќи лондонската зграда главно била искористена за да се одреди големината на кралската резиденција.

„Првата мисла што ја имав беше како изгледа палатата на Црниот Пантер и колку е голема? Бидејќи тоа ќе одреди колку е голем остатокот од градот”, објасни таа.

За дизајнирањето на остатокот од градот, Бичлир се инспирирала од зградите на Хадид, ДДП во Сеул, завршена во 2013 и Ванџинг СОХО во Пекинг, завршена во 2015 година.

Зградата на ДДП има подвижни алуминиумски површини кои потсетуваат на вода, додека Ванџинг СОХО има закривена, заострена структура, дизајнирана да изгледа како три споени планини.

Бакингамската палата била инспирација за палатата на Црниот Пантер

„Шетајќи се низ зградите на Заха, се поврзувате со облините на ѕидовите, со материјалите. Нејзините ѕидови не се суви, туку се од метал или од дрво. Секогаш се чувствувате интимно во голем простор, бидејќи ја разбирате текстурата. Вие се поврзувате со него повеќе отколку кога би бил само стаклен ѕид“, рече таа.

За да го постигне тоа, Бичлир создаде течни и заоблени структури за Ваканда, користејќи земјени тонови и природни материјали.

Формите во стилот на Заха Хадид потоа биле комбинирани со јужноафриканските архитектонски референци, како што се традиционалните колиби кои имаат конусни, сламени покриви. Тие можат да се видат во дизајнот на облакодерите во главниот град на Ваканда.

Сцените на отворено беа снимени во Уганда, Јужна Африка, Замбија и Јужна Кореја.

Од премиерата во февруари, првиот филм со црномурести суперхерои за само четири недели ја достигна заработувачката од милијарда долари на светско ниво

Филмот предизвика нов интерес за афро-футуризам: културно движење кое ја спојува Африка со африканската дијаспора, со елементи на технологија и научна фантастика. Афро-футуризмот, исто така, влијаеше и на костимите во филмот, дизајнирани од Рут И. Картер.

Костимите се печатени во 3Д форми, инспирирани од облека и додатоци од различни африкански култури, вклучувајќи ги и Туркана и Масаи.

Сцените на отворено беа снимени на локации во Уганда, Јужна Африка, Замбија и Јужна Кореја