ПРОФЕСОРИТЕ ОД МУЗИЧКОТО УЧИЛИШТЕ ВО ШТИП ЗА ПРВПАТ ЌЕ СВИРАТ НА КОНЦЕРТОТ ЗА ПАТРОНАТОТ

Штип, (СМАРТ СДК.МК)

Патрониот ден на Државното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ во Штип ќе се одбележи утре (26 септември) од 17 часот со концерт во училиштето. Овваа година, за разлика од претходните кога свиреа учениците, за првпат ќе настапат професорите, како дел од училишната програма за мотивирање на учениците.

„Предвидено е концертот да трае еден школски час и ќе биде во дворот на училиштето кој ќе биде простор за публиката. Самиот влез на училиштето ќе биде бина на која ќе настапат нашите професори кои пројавија интерес да учествуваат на овој прв наставен концерт на отворено во кругот на училиштето“, вели директорот Горан Кавраков (фото), кој и самиот ќе настапи.

Покрај него, ќе настапат и професорите Славица Деспотова, Тони Лазаров, Елена Ефремова, Петар Трбоевиќ, Елена Мирасчиева, Даме Камчев, Милан Коцев, Никола Темелков, Билјана Биљарска, Трајан Митев, Тоше Поп Лазаров и Благојче Ристов.

Кавраков вели дека во годината има повеќе концерти на кои учествуваат учениците и најбројни се новогодишните. Се надева дека на наредниот ќе настапат стотина професори.   

Т. ЈОВАНОВСКИ