Вечерва (2 октомври) од 20 часот, во малата сала на Филхармонијата ќе се одржи концерт на гудачкиот концерт „Атака“ со дела од македонски композитори. Ова е последниот концерт во рамките на годинашното издание на фестивалот Денови на македонска музика.
Ќе бидат изведени дела на композиторите Ристо Аврамовски, Валентина Велковска-Трајановска, Гоце Гавриловски и Филип Иванов.
Гудачкиот квартет „Атака“ е во состав Ева Богоевска и Марија Трајковска на виолина, Илза Бафтиари на виола и Маја Михајловска на виолончело. Влезот е слободен.