ПРОЕКТОТ „БЕЗВРЕМЕНСКИ ПРИКАСКИ“ НА ИРЕНА ЛОЗИНСКА ПРЕМИЕРНО ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Проектот „Безвременски прикаски“, во режија и кореографија на Ирена Лозинска, премиерно ќе се изведе вечерва (2 октомври) во киното Фросина во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје од 21:30 часот.
Лозинска вели дека „Безвременски прикаски” е претстава со карактер на музичко-сценски и танцов перформанс, која опфаќа седум раскази на познатиот писател Франц Кафка.

„Четирите учесници-актери преку танцови форми и техники ги оживуваат прикаските на Кафка, додека Енес Беговски, кој е авторот на музиката за претставата, со својот ударен музички инструмент ханг ја дополнува атмосферата со живи музички ефекти. За визуелните ефекти е задолжен видеоарт, кој преку видеобим ќе создаде дополнителна сценска магија“, вели Лозинска.

Учествуваат Исидор Јованоски, Ана Левајковиќ-Бошков, Хакан Даци и Нела Павловска. Видеоартот е на Доријан Миловановиќ.