ЅВЕЗДИТЕ НА „ИГРА НА ТРОНОВИ“ СОФИ ТАРНЕР И КИТ ХАРИНГТОН ЌЕ ГЛУМАТ ЗАЕДНО ВО ХОРОР ФИЛМ

Лос Анџелес, (Пипл)

Ѕвездите на ТВ-серијата „Игра на тронови“, Софи Тарнер и Кит Харингтон, ќе глумат заедно во хорор филмот „The Dreadful“.

Говорејќи за новите проекти, британската глумица во интервју за „Пипл“ кажа дека токму она го предложила Харингтон за улогата.

„Продуцентите бараа актер за улогата и јас им реков: ‘Не може да не го земете Кит‘“, вели Тарнер.

Филмот, според „Дедлајн“, треба да го режира Наташа Кермани, која е и авторка на сценариото. Беше најавено дека ќе се снима во февруари.