Денеска (16 октомври) во културно-едукативниот центар „Лабораториум“ во Скопје повторно ќе се отвори центарот „Ристор“ за рестилизирање на стари модни парчиња.
„Сите парчиња облека, модни додатоци и предмети што ќе можат да се најдат во ‘Ристор‘ носат своја приказна. Сега имаaт шанса да станат дел од некоја нова, ваша приказна. Со повторното отворање на проектот ја обновуваме нашата посветеност кон заедницата, без разлика дали барате да ја обновите вашата гардероба или да го украсите вашиот дом“, велат од „Лабораториум“.
„Ристор“ ќе работи во состав на настанот „Лаб дизајн маркет“ до 19 октомври.