Денеска (9 јули) од 20 часот, во „Лабораториум“ во Скопје ќе биде промовиран фанзинот „Наши“, проект на Кеј Зеќировиќ.
Станува збор за визуелно истражување на независната македонска музичка сцена, спојувајќи графички дизајн, фотографија, интервју и визуелно раскажување во публикација што ги слави DIY културата и локалното независно творештво.
Изданието е создадено под менторство на новинарот Бојан Шашевски, како дел од резиденцијалната програма „Градски ѕид за нови лица“ во „Лабораториум“.