ПРЕТСТАВАТА „МАШКА СОЛЗА“ НА АЛЕКСАНДАР ПОПОВСКИ ИМАШЕ ПРЕМИЕРА ВО БЕЛГРАД СО МУЗИКА НА КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Музичарот Кирил Џајковски ја напиша музиката за претставата „Машка солза“, во режија на Александар Поповски, која имаше премиера во Белград на големата сцена „Љуба Тадиќ“ во Југословенско драмско позориште (ЈДП).

Во претставата играат Војин Ќетковиќ, Сања Марковиќ, Ненад Јездиќ, Зоран Цвијановиќ и други. Костимите се на Миа Поповска, а сценографијата на Вања Магиќ.

Ова е трета соработка на Кирил Џајковски со ЈДП, а од неговиот тим велат дека претставата поминала одлично.

„Се очекува таа да го надмине успехот на ‘Хамлет’, која се смета за една од најуспешните претстави во Белград. По повеќе од 20 заеднички претстави во театарски куќи во Србија, Словенија, Хрватска, Италија и Австрија, како и по успешната премиера на претставата ‘Војна и мир’ во Истанбул минатата година, ова е уште една во низата соработки на истакнатите македонски режисер и композитор“, велат од тимот на Џајковски.