Топ-моделот Џиџи Хадид и поп-пејачот Зејн Малик на своите профили на Твитер објавија крај на нивната двегодишна врска.
Хадид (22 години) напиша дека засекогаш ќе биде благодарна за љубовта, времето и животот кои ги споделила со Малик, додавајќи дека „навистина не постојат зборови да се објасни што двајца луѓе искусуваат заедно во текот на неколку години“.
Дваесет и петгодишниот пејач и поранешен член на групата „Уан дајрекшн“ кажа дека имале „неверојатно значаен љубовен и забавен однос” и дека тој продолжува да ја почитува и обожува Хадид „како жена и пријател”.