Иконите на гранџот „Прл џем“ потврдија дека имаат нов албум во најава.

Песната „Can’t Deny Me“ неочекувано беше објавена викендов и во прв момент беше достапна за даунлодирање само преку официјалниот фан-клуб на групата „Тен“, за потоа да биде објавена и на нивниот сајт.

Напишана од басистот Џеф Ејмент и пејачот Еди Ведер, песната е копродуцирана од долгогодишниот соработник на групата, Брендан О‘Брајан и снимена во Сиетл минатиот месец.

Ова ќе биде 11. студиски албум на „Прл џем“ и прв по пет години пауза.

„Прл џем“ оваа недела повторно тргнуваат на светска турнеја, која во јуни и јули ќе вклучи и неколку датуми во Европа.